Login Pop-up

+389 (0)2 2573 555 // +389 (0)2 2571 123

Историја

Ова е кратка историја за тоа како започнавме и каде сме сега:

mehanika

Одделот за механика и монтажа опремен е со 2 (две) двостолбни дигалки, компјутерско ласерски уред за контрола и корекција на геометријата на подвозјето на возилата, тестер за контрола и дијагноза на мотористиката и електриката, апарат за контрола и полнење на клима уреди, машина за хемиско чистење на ентериерот на возилото, апарат за балансирање на тркала, апарат за демонтажа и монтажа на пневматици, апарат за подесување на светлосните уреди на возилата, разновиден специјален универзален рачен алат за извршување на механичарски работи.

saima

Во фарбарскиот оддел располагаме со 2 (две) современи комори за фарбање од марката SAIMA, мешалка за бои од марката Стандох со над 50.000 илјади нијанси и разновиден тип на рачен алат за квалитетно лакирање на возилата.

bench

За квалитетно, навремено и прецизно извршување на лимарските работи располагаме со 2 (два) работни стола од марката KAR BENCH, 1 (еден) од марката SPANESI, шаблон и мерен инструмент за шасии од марката KAR BENCH, 2 (две) двостолбни дигалки, 4 (четири) CO2 апарати за заварување, 1 (еден) аргонски апарат за заварување на секаков вид на метали, 3 (три) SPOT апарати за извлекување на лим, плазма за сечење, преси, апарат за пескарење и комплетен рачен алат за успешно решавање на сите проблеми околу лимарскиот дел на возилото.

dejniost

Во Друштвото вработени се 34 лица на неопределно време и тоа:

  • Управител (1)
  • Заменик на управител (1)
  • Администратори (2)
  • Сметководители (2)
  • Авто лимари (7)
  • Авто лакери (7)
  • Авто механичари (2)
  • Авто електричари (2)
  • Универзални мајстори (5)
  • Помошен персонал (5)

pocetoksatra

Во согласност со Законот за претпријатија, по барање на основачите Трајковски Трајче-татко, Трајковски Сашо-син, и Трајковски Зоран-син Окружниот стопански суд Скопје со Решение од Судски регистар бр.2237/93 од 09.03.1993 година го основа Производно трговско услужно претпријатие "СА-ТРА експорт - импорт цо. Скопје"

pocetoci

Почетоците на друштвото не се оденот на регистрациајта на судот, туку тие се многу од порано.
Имено, почнувајќи од далечната 1974 година, се работеше во мала работилница од 32mсо примитивни алати и прибор.
Со тек на времето постепено се набавуваа посовремени алати и работењето се повеќе се усовршуваше.

Контакт

СА-ТРА
Улица: 34 бр.7 нас.Илинден, 1041 Скопје, Македонија
Телефон: +389 (0)2 2571 123
Телефон: +389 (0)2 2573 555
E-mail: info@satra.com.mk

Map

Scroll to top