Нашиот нов член КГЛ СИСТЕМС

Актуелно

Почитувани,

Ни претставува огромна чест и задоволство да ве запознаеме со новитетите на Нашата компанија. Уште од основањето во далечната 1993та година па се до ден денес, се гордееме со нашиот личен пристап и внимание кон деталите кои допринесоа да имаме диверзификација на услуги и производи проследени со континуиран раст и развој.

Со Нашиот нов член КГЛ СИСТЕМС (КГЛ СА-ТРА) центар за НАДГРАДБИ, ДОГРАДБИ и КАРОСЕРИСКИ МОДИФИКАЦИИ НА ВОЗИЛА имаме за цел да бидеме флексибилни и имагинативни. Со специјално дизајнирани надградби на шасии и изработени фриго бокс возила согласно Вашите желби и потреби можеме да Ви понудиме совршено решение кое ќе додава реална вредност на Вашиот бизнис. Фокусирани на тоа да не испорачуваме само производ, нудиме квалитетен безбеден и сигурен начин на носење на Вашите разладени, замрзнати или амбиентални производи. Високиот товар, големата издржливост и топлинската ефикасност заштедуваат за Вас, додека естетски привлечните возила го прават најдоброто маркетинг влијание врз вашите клиенти.

Во прилог Ви доставуваме каталог на наши изведби на надградби, доградбии и модификации на комерцијални возила.

За дополнителни информации слободно контактирајте не, Ви стоиме на располагање.

kgl logo novosti

Print