СА-ТРА е компанија која постои повеќе од 30 години во автомобилската индустрија на Македонскиот пазар.
Во далечната 1993 формирана во мала семејна работилница,од страна на Сашо и Трајче Трајковски,СА-Тра прераснува во исклучително силен бренд на пазарот во полето-поправка и одржување на патнички и товарни моторни возила.
Низ годините под раководство на Сашо и Зоран Трајковски успева да се преобрази од лимарско лакерска работилница ,во компанија која има повеќе од 50 вработени и која има соработка со повеќе светски брдндови како што е Schmitz Cargobull I Scania и станува нивни овластен сервис партнер во Македонија.
Во меѓувреме во Са-Тра се развиваше производствен оддел за производи од стаклопластика(полиестер -композитен мтеријал) како и проекти поттикнати од Машинскиот факултет за изработка на првиот Македонски автомобил, што резултираше со проектирање и производство на два модела на чамци (satraqua S I Satraqua M)одобрени од Германски Лојд со ЦЕ сертификат,
Да денес во Са-Тра се произведуваат делово од стаклопластика-полиестер за автобускиот гигант ВДЛ-Ванхоол како и делови за македонскиот бренд на машини за чистење улици Гринмашин од Брако Велес.
Од 2018та година, здружена со нова сила-КГЛ системс, СА-ТРА стартува со надополнување на своите основни дејности и развивање на производсвените капацитети и тоа;
производство на ламинати од полиестер во различни дебелини,структура и боја ,
производство на термоизолирани панели од полиуретан и композитен ламинат во различни дебелини и димензии за изработка на фриго комори
производство на термоизолирани фриго боксови за надоградба на возила до 10 м должина и димензии по барање на купувачот
производство на разни церадни и други типови на надоградби за комерцијални возила,
преработка на комунални и други специјални возила,
продажба , вградување и сервисирање на сите видови ладилни и клима уреди за комерцијални возила
продажба ,вградување и сервисирање на товарни рампи
моделирање и изработка на калапи